Одвај ќе зливнеш, ќе ти долета авион, ќе ти ги растараши и рововите и бункерите и ајде поправај ги додека непријателот не тргна во напад.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Можеби самиот Хелвиг одвај ќе го дочека тоа...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да не знаеше дека е мајка му, одвај ќе ја препознаеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мрзлив неранимајко! Тој го искушуваше трпението на персоналот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој правеше сѐ помалку и помалку работи, додека на крајот одвај ќе го подигнеше прстот за да стори нешто за себеси.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А на бурите во временските прогнози одвај ќе им поверува некој шутрак тукушто излезен од својата сува семка.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Јас ќе климнев со главата а тој одвај ќе го изустеше она негово скапоцено мерси!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Шетајќи, ги гледаше куќарките со мрачните прозорци и имаше чувство како да шета низ некои гробишта, зашто преку тие прозорци одвај ќе блеснеше овде-онде по некоја лента од светлина помеѓу повлечените завеси.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)