одвај (прил.) - му (зам.)

Вујкото одвај му ја одземал пушката и му рекол: Слушај бре, кој ќе ти ги гледа овие четири сирачиња.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А железничарот Круме остануваше долу, чекајќи и него да го сринат - макар што главата одвај му се гледаше над земја.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И името одвај му го паметам – излажав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се налути што да не може повеќе. Нож и колеж. Само ја врти главата и фучи. Одвај му дојдоа козите да се смири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одвај му се држат ковчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се обидел некој пред сто години, некој аџамија, јајца од орли сакал да земе, за лек против некаква болест, но се урнал и одвај му ги собрале коските. Приказна...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Помислата да го продолжи нивниот моментален контакт одвај му паѓаше на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сенката од стеблакот беше толку мала, што одвај му ја погодуваше зоврената глава.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)