одамна (прил.) - мртов (прид.)

Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Оваа ситуација, значи, на која и ние денес и овде ѝ присуствуваме е завршен, метастазиран облик на еден дегенериран патријархализам, една одамна мртва етичка конструкција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повремено некој човек, за кој си мислел дека е одамна мртов, повторно се појавуваше како дух на некое јавно судење, на кое со своето сведочење ќе обвинеше уште стотици други луѓе пред да исчезне, овојпат засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со некаков избледен ентузијазам, ќе покажеше со прст на ова или она парче старудија - порцелански затворач за шише, насликано капаче од скршена кутија за бурмут, медалјон со прамен коса од дете што веќе беше одамна мртво - никогаш не барајќи од Винстон да ги купи, само да им се восхитува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остана во нашиот дом до почетокот на зимата, и кога разговорот меѓу нас трите – меѓу неа, мајка и мене – замираше, Марие бесшумно излегуваше од просторијата, и се враќаше долго потоа, со вцрвенети очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лудо ја возбудуваш пепелта на одамна мртвите копја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А таа е мртва, одамна мртва, првин во нашиве срца а после таму каде што ја бараш ти - во Историјата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Ништо! Се чини дека е веќе одамна мртов!“ „Гледаш ли Смит? Од што би се плашеле?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)