одамна (прил.) - ги (зам.)

Не само што си страшливец туку си и тупав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Види бе, најдобрите одамна ги нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нам ни треба сега само едно. Одовде, од оваа пустиња да отидеме до него — до ѓеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро, тогаш, — почна момчето. — Јас одамна ги гледам нужниците и се распрашувам кај наши луѓе каде води ѓеризот, колку е широк, каде истечува итн.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа се движеше повеќе потамина, како месечар, бидејќи местата, патиштата и патеките одамна ги знаеше напамет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Инаку ќе почнев власта и вистински да ја мразам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За среќа нивното уништување не беше поврзано со доаѓањето на нашата власт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе му речев дека одамна ги знам тие воденици и дека многу го сакав животот во нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Водениците ги прегази времето и „Бабамов, Грличката, Аврамико и комп.“ кога ја изградија Мелницата и луштилницана за ориз, и тоа среде полето, кај Пребачево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наоѓавме кутнати суви буки што одамна ги очекуваа дрварските секири, но не се запиравме, одевме сè понагоре и понагоре.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Некои конзервативци, како оној Џеф од Ири, веќе веруваат дека универзитетите, особено англиските катедри, се тврдини на левичарскиот радикализам; други, пак, одамна ги сомничат високообразовните установи дека ги калапат студентите во екстремистички идеологии, ги наговараат да си се одречат од верското вјерују, ги расипуваат со алкохол и со дрога и ги претвораат во хомосексуалци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите јас одамна ги нареков „бездарни пакосници“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не можеше да претпостави дека Поетот одамна ги исчитал големите книги за новото учење, што силно ја поткрепија неговата визија за идните чудесни проекти на имагинацијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За тоа време, женката, кралицата, која одамна ги осознала сите финеси на Играта, сѐ уште ранливо ги залажува поданиците дека и е неопходна нивната заштита.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во историјата на театарот постојат податоци кои зборуваат дека театрите и театарџиите многу одамна ги сметале како чума во градовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие волшебни простори од детството одамна ги немаше, исчезнаа некако без тој да ги осведочи, исто како што дедо му почина некако во негово отсуство.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прво му пламна брадата, потоа челото и образите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Алхен многу се срамеше. Тој веќе одамна ги распродаде сите инструменти од капелата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Солзите одамна ги платил тој, господин Жан Мартин, со своето секојдневие.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Та нели и таа одамна ги беше поминала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моите заби уште не се беа нанижале, а твоите одамна ги немаше, па, не можевме попара да се изнасркаме.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Ја фрли од на себе онаа застрашувачка облека и започна да ги носи фустаните што одамна ги оставила по шкафовите од разни материјали и кројки кои при одењето трепереа на нејзиното тело; и секој ден ја менуваше богатата гардероба; и косата ја пушти да ѝ паѓа по рамењата и плеќите и да ѝ виори при одење; чекорот ѝ стана полетен носејќи место чизми лесни чевли со високи потпетици кои мелодично поткрцнуваа во склад со виткањето на нејзиното тело; бледилото на лицето ѝ се замени со руменило, погледот ѝ стана мек и благ; устата ѝ ја изгуби мртовечката згрченост, се развлече и се исполни со сочност и благост.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од друга страна, Марија беше свесна дека поголемиот број од злосторниците кои ја воделе војната, веќе одамна ги нема.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Никаде никој ни птица ни лишка ни глас а пријателите одамна ги снемало во времето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ете, Перса за прв им влегува дома, освен Роса и Деспина другите исто така за прв пат ги гледа, ама во себе има едно чувство дека сите нив одамна ги знае.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)