И во тоа гледаа божие претсказание: или дека човекот бил некој добросовесник кој ќе го пушти Бошета да си се врати па Бог го заштитил на тој начин што сè живо во Потковицата престорил на оглувено и онемено, (зашто ако го насетиле тие, потковичаните, како што биле насрчени против Хаџи Ташку и дружината, можело да се случи да го заменат со некого од нив и да го убијат) или дека тој, Бог, ги бележил и ги казнува Јанческите за нешто одамна сторено и преку нив и сите други христијани во Потковицата ги поучува да се припазат од правењето лоши работи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)