одамна (прил.) - има (гл.)

Во „Гошово“ тие имаат петшест кила семе и тука одамна имаат и колиба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Толе си го кажа името и прекорот — Паша, сите четници се загледаа еден со друг и го засипаа со разни прашања, очигледно доволни што им се даде можност да го видат лично легендарниот арамија Толе Паша за кого одамна имаа слушано безброј легенди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе те прашам, бабо".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А јас знам дека и денес, кога во недела на причест нема да се појави некое дете, кое одамна има свои деца, мора да каже зошто отсуствува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го отвори прозорецот. Дождот одамна имаше престанато да врни. Птичките весело цвркотеа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гаражата на Трендафил во која ги поправаше автомобилите одамна има нов лик.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не сакам свадби, реков. - Не сакам ни јас, рече татко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да создадеме нов, поубав живот! Зар не?!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите, до последниот одамна имаме изјавено дека токму тоа ни е единствената желба!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Постарите веќе одамна имаа почнато да го забораваат, а помладите не го ни знаеа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Меѓутоа, сега, откако тој одамна имаше почнато да губи трпение и да станува сè повознемирен, таа на влезната врата се појави некако претивко, со наведнат поглед.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно одамна има заклучено дека наметливиот пристап ги поттикнува сомненијата и кај најнедосетливите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Томчо се растрепери од возбуда. Одамна имаше желба да фати зајаче. А сега - еве го пред него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)