Во меѓувреме, таа прави напори за да преговара со газдата, но до тоа не можеше да дојде во реалноста – бидејќи меѓучовечките односи во претпријатието одамна беа нарушени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Благодарение на нејзините контакти со централниот синдикат таа добива поддршка и правна помош во остварувањето на нејзините работнички права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како недостаток го истакнува фактот што синдикатот од претпријатието не се потруди ниту, барем елементарно, да ги подучи и информира вработените за своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Впрочем уште од најстари времиња, низ многулетијата, меѓу македонците има многу познати филозофи. * * * Набљудувачкото око на македонците ги знаеше причините поради кои: веке одамна беше зрело и презреано решавањето на македонското прашање за влез во Европската унија каде географски припаѓаме.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пладнето одамна беше изминато...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бидејќи одамна беше веќе развиделено, забележував како по Рајна се влечат бродови и шлепови, кои пропаѓаа длабоко во реката под притисокот на товарот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ноќта одамна беше одмината, кога се разделивме со Драгана.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сонцето веќе одамна беше зајдено - смирена есенска квечерина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како да сме се дозбореле, се најдовме во самопослугата: секој имаше по нешто да купи за утре, за на есенската прошетка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
АКЦИЈА
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Самиот мудур ја извади острата своја кама и му ги насече жилите и на поп Димитрија, кој одамна беше изгубил свест.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По него ги пресече ортомите и на другите обесени и овие се истегнаа наземи. — Вода момчиња! — извика на турски мудурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да е за она што го изгази Муарема во Радобил, одамна беше тоа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Баш под чепурот на кацата беше крснозе седнат Бенедето Кроче - обул гумени чизми и навлекол пластични ракавици и со часови веќе се мачеше да им објасни на насобраните луѓе дека на дното на кацата се ставаат најголемите бабачки зелки и дека на врвот на пирамидата секогаш се најмалите зелчиња (најмалите – најубавите, како што одамна беше било се рекло).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Борбата против клетото турско си продолжуваше на Балканот, макар што главните протагонисти на Империјата одамна беа заминати, а нивните потомциизградија нова држава, врз нови цивилизациски основи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пепелавиот, бескрајно долг, августовски ден, одамна беше свршен и мајсторите и работниците што работеа на постројката сите со крајно напрегање се вслушуваа нема ли да одекне железото за пајдос.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Печалбарите веќе одамна беа заминати.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бев на онаа... Мислам Кавалерија се викаше. Или така некако... Одамна беше...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив дека приредбата зборува нешто за Војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За моја среќа ваквата моја мисла никому не му ја продадов. Дури ни на жена ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не им се судеше, бидејќи за таквиот чин одамна беше донесена пресуда дека секој кој ќе присака, ќе се обиде, па дури и ќе помисли да пребегне отаде граница, ќе биде стрелан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Иако одамна беа поминати трите, и деветте и четириесетте денови и годината и трите години, ние, како по нашиот домашен обичај, во набрзо соплетените сапетки, стававме варена пченица, лепчиња, по нешто од овошјето и одевме од куќа до куќа, од човек до човек и раздававме за душа и одново и одново се собиравме во тие туѓи и напуштени куќи во кои ги оплакувавме нашите, ги оплакувавме и мртвите и живите и себе си.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пладнето веќе одамна беше изминало.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Слатките тие на тетка - рече и пак ги забриша очите, иако тие одамна беа веќе сосема суви.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Работата го обзема, па не ни забележа дека денот одамна беше го минал пладнето и полека почна да се губи зад ридјето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стратегијата одамна беше разработена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во него стоеше копија од тестаментот кој уште многу одамна беше депониран во Новосадскиот суд.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Поради тоа селаните ја нарекле Карабеќерица. (Мажот и Беќир многу одамна беше ѝ умрел).
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во себе се тешела и си помислувала: „Утре кој ќе дојде да налие вода, да ја напои стоката од чешмата, ќе намниса за син ми, да не му загине баре името, да се знае до века каков огин ме изгоре и каква несреќа ме поклопи!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога напролет сиот народ ќе жугнел по полето, по нивичките, по лозјата, таа ќе го земела дикелот во една градинка да посади малку пченка, компири; во друга оградка ќе посеела малку пченичка, 'рж за да си ја прехрани душичката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Насмевка се развлече на лицето на Александар, ишарано со по некое црвено мозолче, иако годините на пубертетот одамна беа зад него.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Моето сопствено минато веќе одамна беше потонато, со сите морнари, без траг.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Неговата мајка, бабата Хазбије, од родот на Фетиевци го носеше сѐ поголемото семејно бреме, но и цврсто беше уверена дека еден ден ќе замине кон Турција, кајшто одамна беа заминати нејзината мајка и нејзиниот татко, браќата и сестрите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доаѓаше (ах) од зима, одамна беше пролет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тунис одамна беше и вистинската дипломатска оаза, еден вид резерват на великаните во дипломатијата, во која ги минуваа последните години на животот, дотогаш стари, искусни дипломати, прославени во нивното време со најразлични подвизи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му преостануваше да трага по новите концентрични кругови на егзилот, по новите глобални метафори, му преостануваше да го протолкува, да го разбере времето, кога одамна беше останат без татковиот егзилски компас, да го открива правецот на своето движење во времињата кои беа негови, во кои мораше и самиот да го продолжи патот на некогаш започнатиот егзил, патот на пробивањето во неизвесноста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Одамна беше навикнат да спие со силна светлина во лицето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постарата генерација беше главно ликвидирана во големите чистки од педесеттите и шеесеттите години, а малкумината кои преживеаја, одамна беа испреплашени до тотално умствено предавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одамна беше сфатено дека единствена сигурна основа на олигархијата е колективизмот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред години - колку одамна беше тоа? Мора да има седум години - беше сонил како оди низ една соба темна како гроб.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со Џулија не му беше тешко да разговара за такви работи: за Кетрин, во секој случај, одамна беше престанал да мисли, и сѐ беше претворено во непријатно сеќавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Патентниот затворач одамна беше истргнат од неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кадијата и беговите да си направат овде – на земјата – рај, а сејмените – да си го осигураат него на оној свет, кога веќе овдешниот беше зафатен од посилните та немаше место за нив. Co вакви пеколни мисли колоната го помина селото Штавица, кое одамна беше чифлиг на Сефедин-бег и излезе на високиот рид Слива, од каде што се прогледа мариовската котлина обрастена со честа борова, букова и дабова гора.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Најмладиот брат, Трајко, одамна беше вдовец и никако да се најде некоја жена што ќе и помогне на Митра.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста Макрева и Бојана одамна беа мажени, та беа веќе и послободни, затоа и се замешаа на Митра во разговорот: — Ами как да не, престарена!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Работата одамна беше готова.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Појадокот се сврши, маските одамна беа зобани и нашите гости, од двајца, си тргна од дедот Карабуклија со еден повеќе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го напушти она детинско настроение и веќе одамна беше го напуштил своето друштво и одеше секаде сам, воден од своите едни и исти мисли: како ќе се ослободи од овие синџири?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија“ за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката" кај Петкана Милевска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како што одамна беа рекле Предците на новодојденците од Македонија Еден народ троа брлив троа чуден Таму некаде од некакви балкони или балкани Којшто уште од древни времиња Ги слави само поразите И севезден прераскажува свежи соништа Свежи самоклеветења и самобербатења
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Макар што одамна беше престанало пукањето, над главата ми профучеа првите куршуми.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога бевме готови да заминеме, еден од браќата, кој одамна беше стапил во Партијата, гласно ја предупреди Мајка: – Мамо, внимавај кога ќе ја минуваш границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка одамна беше презела голем дел од Татковите грижи за семејството, за куќата, вардејќи го и неговиот спокој.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние одамна бевме подготвени за ова обратно патување од егзилот, уште од денот кога пристигнавме на другиот брег, а побратимот се врати со чунот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше длабока ноќ. Градот одамна беше во сон.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се плашев дека моите совети, што не беа ништо друго туку поигрувања на духот, можеле да потхрануваат кај неа такви чудни замисли? Не сум сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во тоа ја гледам разликата помеѓу тебе и Жолтко - му реков на Б.С. со некоја чудна сигурност иако не ги познавав ни него ни Жолтко подолго од една ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Изгледа ти и не си сакал да помислиш дека Денко Самоников најмалку живее овде и сега - паметам дека го завршив моето излагање- Тој изгледа одамна беше зачекорил во она друго време, во кое се наоѓа сега.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зарем можела некои мои постапки да ги протолкува како подршка на идејата за другото време, за крилата, што ќе ѝ помогнат да го посети тој непознат свет што одамна беше нејзина опсесија?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Овде, во нашиов проколнат свет, кој не може да се нарече сигурно и здраво место, луѓето се безбедни само во сонот, одамна беше заклучил тој.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не се стеснуваше со него да зборува нашински; потоа, офицерот речиси не знаеше да ветува; ништо не тврдеше; а и вербата негова во некоја божемна праведност одамна беше начната.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ова се луѓе од некој далечен свет, од одредена планета и имаат точно одредени очи, точно одредени уши, одат со нозете на точно одреден начин и носат оружје и размислуваат и се борат, и имаат точно одредени срца и секакви други органи, точно така како што уште многу одамна беше утврдено.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И гледам: една безлична, хаотична глинена маса одново како се обликува во еднаш веќе обликуван израз и како еден видлив бог го надополнува својот невидлив и строг претходник, кој одамна беше ме создал.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Захаријадис, се чинеше, го дочека денот, овој критички ден, за да го каже тоа, што во него одамна беше созреано, што тлеејќи, се собираше и навираше.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но дел од нив одамна беше мртов.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во Југославија и во Македонија, уште одамна беше расчистено со социјалистичкиот реализам како идеолошки метод во насочувањето на литературата, уметноста и посебно драмското творештво, според каноните на Сталин и Жданов при што творецот треба да биде инженер на душата на народот!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Летото некако полека изминуваше, во стопанството сите поврвнини со житарици одамна беа голи, суви и жедни, доматите сѐ помалку и помалку имаа црвени топки, листот на пиперките подгоруваше, денот иако намален, пламенот на сонцето сѐ посилно гореше.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа живееше со својата мајка која одамна беше разведена од мажот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сите негови патувања одамна беа испатувани, татнежот на неговите тркала беше замрзнат засекогаш.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)