овде (прил.) - уште (прил.)

Марија ја разбра вистината. – Те молам, зајче! – рече вџашена. – Немој да ми кажеш дека и ти веруваш оти сум луда! – Како можеш да го помислиш тоа! –рече тој, обидувајќи се да се насмее. – Работата е во тоа што за сите ќе биде подобро да останеш овде уште извесно време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија го сфати знакот, погледна отстрана и ја здогледа Херкулина, секогаш подготвена за напад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, можам овде уште да додадам дека од плевната на Басотови, во планината и во борбите се вратив без некои посебни оптеретувања и обврски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во бучавиот Келн пристигнавме по течението на Рајна, која е овде уште поширока и целата испресечена со мостови, кои ги врзуваат двата дела на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)