овде (прил.) - сум (гл.)

„Не, не“, рече Јохан, „овде сум роден, овде сакам и да умрам.“ Но тоа не беше вистина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Искуството на вистината е мошне опасно искуство кое нема осигурување, нема огради внатре кои би можело да се рече: овде сум во науката а таму вон неа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За Велигден ако не го кажам апостолот и тоа што треба по наше, еве овде сум најтенок- рече попот покажувајќи си го вратот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Овде сум да ги стопам сите мразови. Да ги разгорам сите огнови, да ги смирам сите олуи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Едо“, рече Босанецот, „јас дома немам што да јадам, а овде сум и најаден и облечен“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слабо, скоро нечујно офкање го охрабрува другиот:е „Не давај се, Кара-Демире ... Овде сум, бдеам над тебе.“ ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не знам“, ми рече. „Нешто што е посилно од мене сѐ повеќе ме изменува. јасно ми е кој сум, не сфаќам само како сум. На оваа почва сум пресаден не знам по колку осеменувања и овде сум никнат, сроден со оваа земја и ова небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оди си ти, јас можам и сам да си поседам, овде сум дома!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мене не ме качи ни едно правило на служба, никаков заземен став, пропис, анекс параграф, договор, клаузула. Овде сум, да го најавам дуплото дно!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Те немаше таму.“ „Овде сум“, рече Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Во твоето Кукулино ноќе ќе ти се собираат пред врата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегај одовде и не здодевај ми веќе. Овде сум родена, овде ќе останам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И пред сто години сум се мачел вака. И пред илјада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум бил, ме немало. Овде сум, утре пак ќе ме нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, нешто сепак не е в ред – реков и тогаш дури открив дека нејзината топла месеста дланка лежи врз мојата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Овде сум - вели таа – овде сум, но колку што се сеќавам ме немаш предупредено дека напати практикуваш да се прикажуваш и сосема откачен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И згора на тоа, сепак, толку ме одвлекуваат по себе што заборавам дека овде сум легнал да заспијам, а не да го мислам: несмисливото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Доктор Гете ми кажа дека си овде,“ рече. „Да. Овде сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А ти?,“ прашав. Од Прага е, рече. Има ќерки, разведена е.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овде сум со моите сестри,“ реков, и со погледот покажав в десно, каде што седеа Паулина, Марие и Роза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го поканив да седне на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И. К.: Овде сум, но во минатите шест години чувствував дека сум заминат, не низ дупка на таванот, туку низ врата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Ништо, бајката за рајот сѐ уште е бајка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овде сум, велам, во собата. Влегувај ако си за внатре“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас сум сите алки од тој синџир што ви тропоти по умот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лично јас сум организаторот! Ако го барате него - овде сум!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, селото беше зад ритчето, па си реков: Ех, сега ми нема спас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си помислив на пиштолот – барем да им го дадев на нашите, овде сум готова и пиштолот ќе ми го земат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Меморија: страв - расказ – Од ден- на- ден сѐ повеќе стрепам: овде сум, а по којзнае кој пат сонувам дека никогаш нема да бидам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И како прво, господа, каков е тој овде генерал?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таму тој беше генерал, овде е - фуј!“ „Не, не сум фуј... јас и овде сум... “, се обиде да се спротистави генералот. okno.mk 159
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)