Пофаќајќи овде-онде по хартиите за да направам некој ред и за да можам подоцна, по чакарењето низ прозорците, по здогледувањето повремено на по некој што поминува, што ја поткрева главата кон мојата соба и, молчејќи, без ни да се накашла, заминува, пофаќајќи, значи, по хартиите, го најдов оној плик со писмото на брат ми од Мелбурн и зедов да го препрочитувам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека се дивижиме по каналот, забележувам ове-онде по некоја куќа, всушност, пловен објект претворен во живеалиште.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Неговите жртви, на изгрејсонце, се расфрлени овде-онде по ридјето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)