За него тоа воопшто не беше големо, беше нешто обично и тој ретко мислеше дека е поголемо од неговата катадневност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така се пишува државен документ кон важно лице, исто така валчесто писмо, прочуено црно писмо, црно напишано, но со прекрасен вкус...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Стана обично и да ми помогне околу ручекот и да ја нахрани Ели, да ја облече, да ми ги провери домашните задачи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А ова ви е просто, обично и најчисто англиско писмо: елеганција нема каде понатаму, тука сѐ е убавина, бисер, перла; тоа е завршено, но еве, има и варијација и тоа, пак француска... истото англиско писмо, но црната линија е малку поцрна и подебела одошто во англиското, така е пропорцијата на светлината нарушена...“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)