обично (прил.) - по (предл.)

Турнирите се држат обично по летувалиштата или бањи, по убави места што изненадуваат со својата свежест и пријатност, како и со едно концентрисано животно обилие, на кое и младиот шаховски избраник почнува некако внатрешно да полага право, иако допирот до него му го обезбедуваат туѓи средства.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Обично по војните ќе биде познат бројот на загинатите војници, нивните жртви, но никој нема да ги евидентира изгубените верувања, уништените идеали!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)