обично (прил.) - се (зам.)

Обично се канат во нив да живеат познати или им се препорачуваат други добри соби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но заверата може да дојде и однатре: Евреите обично се најдобра цел бидејќи ја имаат таа предност едновремено да се и внатре и вон.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Поимот значи нешто како кучка, благодарение на тоа што обично се употребува поврзан со животните.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Земанек седеше на своето место; очигледно, и покрај сите физиолошки потреби за сон, што обично се викаат мамурлак, тој беше совладал еден физиолошки закон; на тоа го обврзуваа редот, поредокот, општеството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Слично, кога ги анализираме интеракциите меѓу владите, големите комерцијални монополи, медицинските и воените власти, забележуваме дека тие обично се поврзуваат на различни начини, надополнувајќи се меѓусебно, без да ги загубат своите индивидуални особини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во науката обично се обидуваме ваквите мемории да ги кодираме во бројки, пред сѐ заради компактноста а и за да имаме еден заеднички маштаб во однос на кој би можеле да ги споредуваме различните набљудувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом влезе во неа, штом се поклони на сите четири страни, Иван Иванович обично се сместува на крилосот и многу добро потпевнува со бас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку богомолен човек е Иван Иванович! Секоја недела тој го облекува палтото и оди во црква.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Обично се забираше со некоја тајфа ѕидари, ако беше тоа пролети, или пак со некоја група дуќанџии, есени, и пак заминуваше по светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Берогројзењето обично се случуваше на почетокот на школската година, во периодот кој хрониките на школските тетратки го обележуваат како Есента во нашиот крај.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум бил, ме немало. Овде сум, утре пак ќе ме нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да замислиме, доколку воопшто е можно да се замисли таква наизглед бесмислица, дека зборот „јако“ во нашиот јазик значи и „јако“ и „слабо“ (dass das Wort “stark” in der deutschen Sprache sowohl “stark” als “schwach” bedeute); дека именката „светлост“ се користи за означување како на „светлост“ така и на „темнина“; дека некој пивото го нарекува “пиво”, додека некој друг го користи истиот збор кога зборува за вода; го замислиме ли тоа, сме ја доловиле необичната пракса со која старите Египјани обично се служеле во својот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не шеташе со очите по неа, не ѝ ласкаше, не ѝ се додворуваше и не се доближуваше до неа како што тоа обично се прави кон жена вака облечена и која се држи комотно и предизвикувачки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За идеографското писмо обично се зборува како за подоцнежен стадиум на развој на пиктографското писмо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во добротворните кујни (имаретите), кои обично се наоѓале покрај поголемите џамии, а во кои се добивала бесплатна храна и преноќиште често престојувале и христијани со подеднаков третман како и муслиманите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мало книже од Куранот со изреки и молитви на арапски јазик, што обично се носи во кожно кесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со Дарко обично се наоѓаа во Кабаре Златно славејче. Ноќниот клуб беше голема визба со неколку соби и еден дрвен шанк.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новите движења што се појавија во средината на векот, Ангсоц-от во Океанија, Нео-болшевизмот во Евразија, Обожувањето на смртта, како што обично се нарекува во Истазија, имаа свесна цел да ги овековечат неслободата и нееднаквоста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Србин му се насмевна, а Шишман како обично се зарадува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Впрочем не сум човек што не сонува па да не знам да направам разлика помеѓу сонуваното и она што обично се случува во присуство на денската светлина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само што, како што обично се случува, некои од љубовите на Генералот засекогаш останаа тајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во нив обично се случуваат грозни убиства.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа обично се случуваше на пладне, кога сонцето ќе дојдеше токму врз главата на секој Турчин не правејќи сенка, и таа молитва, му објасни Неби-ага, се вика оглен намази.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)