И покрај своите седумдесет и шест години, Милан не беше нејасен или заборавен, и не ѝ додеваше на Рози да ѝ поставува прашања или едно исто да ѝ го кажува повеќе пати, како што обично прават старите луѓе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Или, клекнат на задните нозе, потскокнувајќи и вртејќи ја опашката, го чекаше да си легне и, бидејќи стариот професор имаше обичај пред заспивање да прочита нешто лесно, грифонот не ја свиткуваше главата да задреме како што обично прават кучињата, туку го имаше на ум својот стопан сè додека тој не го изгаснеше светлото и не се свртеше покривајќи се преку рамо да заспие.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)