Дење и ноќе ќе слушате по некој истрел или рафал и ќе навикнете. Да.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И многупати ноќе ќе пристанувам и ќе ја наѕирам Оливера.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дење ќе си ми горска самовила, ноќе ќе си ми најсветла ѕвезда - да не заталкам...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Никој мене ништо не ми рекол. А ти откажи му на старецот. На двоколка ќе те однесам во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Во твоето Кукулино ноќе ќе ти се собираат пред врата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се разбира, се случуваа исклучоци што тој настојуваше да ги коригира, но сега, еве, тие негови исклучоци со неверојатна педантност ги коригира грифонот: му ги потокмуваше влечките така што кога ноќе ќе стане да му бидат попринога.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Да не требаше да жалам, вели Јоше Свирачот, ќе ја земев гајдата и дење ноќе ќе свирев.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излегува од лабораторијата само кога мора или кога ноќе ќе го слушне Богулето каде што станува да шета за да го земе кај себе во лабораторијата и да продолжи со своите експерименти, читајќи му ги лекциите за на училиште.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Не можам да дозволам да ѝ препукнува срцето на ќерка ми додека ти ноќе ќе шеташ по покриви... - му рече таа луто.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)