ноќе (прил.) - низ (предл.)

Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Па, право да ти кажа, бре побратиме, не се ни оди ноќе низ ваа пуста планина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)