Така ни го исполнуваа денот, а ноќе сонувавме јуриши. Така се крпеше нашата судбина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ноќе сонуваше дека нивниот балкон станал прекрасно, шарено градинче, а пак таа ги вади мирисните цвеќиња и се радува на нив, на пеперугите и пчелките.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Тие имаа вистински пушки, автомати и митралези, а ние во исто време на рамо носевме стапови и изделкани колци и ластагарки што личеа на пушки и игравме војна во која растевме и мислевме и ноќе сонувавме само победнички бој.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)