XLVII И Татко и Климент Камилски и дење и ноќе работејќи врз турцизмите во балканските јазици, сѐ повеќе разбираа дека се нагрбиле со мисија на која не ѝ се гледаше претпоставениот крај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дење спиеја, ноќе работеа; месечината им беше и сојузник и предавник: кога ќе светнеше, работеа во позакриени места.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Првин се појави кај обајцата сомнежот дека терминот турцизми за заемките не беше идеален за употреба, но тие, сепак, по некоја туѓа инерција навикнале на неговата употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)