никогаш (прил.) - докрај (прил.)

Иако можеме со една јазично-стилска анализа да проникнеме во феноменот на создавањето на тој свет, сепак, се чини, никогаш докрај нема да осознаеме, како тој ни се наметнува, како ни се налага и на кој начин проникнува во нашата свест и во нашите емоции.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко, почувствува дека му претстои уште една тешка битка на патот кон вистината, кон таа балканска вистина во која да не е никогаш докрај да, како што не, не е докрај не !
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Таква ти е планината... Таква е таа. Никогаш докрај не можеш да ја запознаеш, - мрмореше дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во таа синтеза, уверени сме, се крпе и онаа маѓија на неговата проза што никогаш докрај не може да биде протолкувана.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Неговиот краток живот беше една никогаш докрај издишана воздишка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Римјаните мешаа, преселуваа, корнеа народи, но никогаш докрај не ги искорнаа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)