никако (прил.) - нема (гл.)

За компромис не размислував, но, и ако дојдеше до тоа, никако немаше да се согласам да ја убијам жената во себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ме фаќаше страв да размислувам за овие прашања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа никако нема да му го даде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквото одрекување е во основата на настојчивоста дека помладите геј- мажи, здрави и негибнати од хомофобија, немаат никаква потреба од машка геј- култура – и дека никако немаат никаква потреба од машка геј- култура што имплицира некаква женска идентификација или некаква женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ќе беше и двојно поомаловажувачка во контекст на машката геј-љубов: бидејќи машката хомосексуалност во мажественоста гледа суштинска еротска вредност, да се претставиш себеси или да го претставиш партнерот како да се одликува со женствена идентификација, па уште и да ја изложиш таа женствена идентификација на јавен потсмев, би било да се омаловажиш себеси или да го омаловажиш дечкото како сексуален предмет и како средство за остварување сексуална фантазија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Примерите за геј-културата што ги наведува, оттука, откриваат низа потфрлања во разните негови концепции и дефиниции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога настраните вработени од Тајм аут Њујорк седнаа да се договорат што да оди во фељтонот за „геј-културата“, бргу сфативме дека тоа никако нема да биде лесна работа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навистина, ете и самата „геј- и лезбејска уредничка на ТОНИ, Бет Гринфилд, признава дека геј-културата „можеби е концепт што тешко може да се дофати“ (иако „е концепт за кој е и тоа како интересно да се размислува“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тие елементи се дел од стилот на Милдред Пирс; заедно тие успеваат да му вдахнат на филмот сопствен особен стил кој изгледа совршен, а, сепак, и некако екстравагантен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или за најфраерските, најсвежите таленти и за тоа како ги дрмаат медиумите со разни работи – од музика и јужноменхетенски театар до авангарднa литература и трансбурлески? (16) Тука многу се збило во малку простор, па не е ни чудо што се направиле некои чудни амалгами.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И токму таа претераност го издвојува стилот на филмот, го прави толку впечатлив и толку привлечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, Пруст сметал дека единствениот начин геј-мажите да го надминат посакувањето стрејт-мажи и да успеат да се посакуваат меѓусебно, би бил да се прелажуваат, да ги глумат вистинските мажи какви што самите толку катастрофално не успеале да бидат и што е можно подолго да ја одржуваат шарената лага (иако никако нема да им успее да се преправаат многу долго).319 Така било, се разбира, во старите лоши времиња, пред геј-ослободувањето, кога геј-светот сѐ уште бил поларизиран поради поделбата на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една таква анализа би била возможна – има модели за неа, почнувајќи од С/З на Ролан Барт и од Д. А. Милеровото прустовско читање на Циганка – а и пожелно би било.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Досеткава, да беше насочена кон друг, а не кон себе, или кон некого друг, а не кон саканиот, ќе поминеше како чисто омаловажување поради имплицитното уназадување на маж од благородната положба на машката достоинственост во пониската положба на женската тривијалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не ги разгледаме сите тие стилски елементи, ако не им го изведеме точното значење – или точниот афект – и неговиот однос кон премрежињата на машкото геј-постоење, никако нема да можеме сосема да ја објасниме геј-привлечноста на конкретните културни предмети, како што е Милдред Пирс, а ниту изборот на културни предмети што го прват геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Привлечна сцена за гладните очи на љубопитниците што за момент нив можеби и ќе ги заслепи, но подоцна, кога ќе се сеќаваат на таа сцена никако нема да можат да се присетат која била целта и што сакал да им прикаже претставникот на маркетингот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како Иван Иванович, така и Иван Никифорович не ги сакаат стениците и никако нема да го пропуштат Еврејчето трговец, а да не купат од него еликсири против тие инсекти во различни шишенца, откако претходно добро ќе го искараат зашто тој ја исповеда еврејската вера.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван пак, Никифорович, ви ја дава право в раце својата табакера и ви вели: „Земајте“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)