ниеднаш (прил.) - нема (гл.)

А оној старец како да беше сиот останат тука.  Змејко сето тоа време се мачеше да не ја изрече докрај таа мисла, но мислата ниеднаш не го остави: Тие веќе ниеднаш нема да можат да дојдат заедно тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил само еден луд миг во него и го повел по себе, сега беше наполно свесен дека тој ниеднаш нема да биде во состојба да стори нешто такво со овој свој малечок, нечекан гостин, дојден во неговата собичка и безденноста на темните ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се гризеше дека било многу лесно да се биде сам меѓу сите луѓе, или барем со еден од нив крај себе, среде оној нивни свет, но оваа самота сега беше нешто сосема друго и тој за неа ниеднаш немал сили.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заминуваше, носејќи ја својата збигорена улетнатост во градите, сега веќе постојано свесен за сите оние стреловити препречувања на неговиот пат, во кој дивината сепак ниеднаш немаше смелост да му излезе пред погледот на чист дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)