нигде (прил.) - нема (гл.)

Јазол ли е тоа на правливиот пат, на патот што почеток му гледам, а крај нигде нема?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Како неа нигде нема.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Долу, далеку во рамнината, како змија се виткаше реката Црна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дека местото каменливо, нивјето како кутии беа преградени со високи ѕидови, а исто така и патот од двете страни беше ограден. Нигде немаше ни жива душа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Меѓу залаците, одвај наоѓајќи место, Шишман рече: - Богами, вујко, толку свет поминавме, ама вакво јадење нигде нема. Ако не се насркаш, ништо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Убедена сум дека нигде нема такви подлеци, како што ги има меѓу непрактичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
НЕ КОМУ МУ ЈЕ ПЕЧЕНО, АМИ ЗА КОГО ЈЕ РЕЧЕНО Си бил во некој град еден сиромав терзија, од него побрз нигде немало, ноќе - дење шиел и шиел; цел ден глаа не креал од работата, ни гледал кој врви пред негојио дуќан и кој оди од пустото шиење негоо, ту како од како да сработи поеќе работа и да спечали троа пари да си купи една куќарка и некое нивче, барем во лето да си сади ја тутунче, ја разјање, како што си саделе комшиите, за и тој да биде малко пораат, дури да му втасаат децата и да 'и глави, да белким ќе го изваат на сељамет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора, царо му се вратил при терзијата и му рекол: - А, бре терзијо, оти ти не стануаш коа врвам јас пред дуќано твои?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Блиска рода нигде немам, ни при живи дел да земам: Немам либе...
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Нигде немам сретнато попогано муце од твоето“, го милуваше татко ти кога ќе го земеше мачорот в скут.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Излегов во дворот. Да земам воздух. Но воздух нигде немаше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Врвех си дни, недели, нигде нема ништо, сегде тихо, сегде мирно, радост и веселба!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Оган нигде нема, а тие ги кренале рацете и се греат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)