Само така, со оглед дека поинаку не успеваше, она што беше нејасно ќе добиеше шанса за фокусирано значење.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сега ќе помине синџирот и нејасно ќе блеснат златните еполети, сега ќе заигра во нечуен кас извидницата во топли капути, во капи со црвени опашки, сега повторно поручникот со монокл и со крут грб, сега пристоен полски офицер, а сега со громогласни бесни пцости пролетуваат сенките на руските морнари, размавнувајќи со широките панталони.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се чини дека во трк се наближуваат стрелачките ланци, дека ситно yвечка оружјето... секој момент се чини дека од калдрмата ќе изникне сива, расплината фигура и ќе повика: - Стој!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)