Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Доста, проклетници“, задувано но и со нескриено задоволство викаше Јага.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Еден слеп питач и мнозина смрзнати питачи по улиците имаа блажена насмевка на лицата, како смртта да ја чекале со нескриено задоволство и среќни и насмеани умирале. Се раѓаа и смрзнати деца.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)