Кутрата, не знаеше дека така се однесувавме и со нашите професори во училиштето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А требаше всушност да знае дека ја казнувам нејзината неспремност да го дообјаснува она што неочекувано ќе го соопшти.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Привиденијава висеа и покрај ѕидовите; или неочекувано ќе се појавеа на премините; а напати ќе се здадеа од подотворените врати и на чуден начин ќе ги извиваа долгите вратови заемени од некои непознати видови животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Токму во таквите моменти на шепотење ќе се случеше да ми го гризне увото и тоа на најчувстрвителното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како дома, кога неочекувано ќе ми се наведнеше над увото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И токму во моментот кога сме спремни да ги прифатиме сите негови понуди и совети, тој неочекувано ќе изнесе пред нас нови созананија со почудни противдокази.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ах, ова не е на добро, си рече Севда уште во сонот зашто, ако на сон, таа знае дека да видиш чист оган на убаво е, нешто добро ќе чуеш или нешто неочекувано ќе ти се случи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)