неочекуван (прил.) - брзо (прил.)

Разврската се одвиваше неочекувано брзо.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И неочекувано брзо Аким се наведна и замавна кон мене со полниот лонец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Можеби оваа изјава вешто ве потсети на некоја епизода од серијалот „Зад границите на возможното“, но фактот дека ваквите ситуации ги решавав со селотејп и парче хартија, неочекувано брзо ме ослободи од тешкиот глобален товар врз спорниот патоказ.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Потоа му се доблжи и неочекувано брзо го фати за уво.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред да падне со лицето в трева, му се стори дека неочекувано брзо се стемни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Постојано во главата ми се вртеа имињата на Круме Волнаровски, госпоѓа Мариела, Богдан Русимиров, Ниротакис, Ема, Андон Клековски, Шефот, кои никогаш порано не ми беа предмет на размисла, како комплекс на соодноси при фокусирањето на било кое прашање од нашата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)