неочекуван (прил.) - признание (имн.)

Во секој случај моето неочекувано признание Катерина го сфати како покана да легне покрај мене. (Чувствувам потреба веднаш да објаснам дека ние не ги употребувавме зборовите за да изразиме приврзаност еден кон друг; користевме други средства).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во идниот момент го чувствував веќе телото на Катерина до своето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бродвејски комичен мјузикл за Третиот рајх е незамислива работа – а кога Мел Брук замислува нешто такво во неговиот филм Продуцентите од 1968 година, комплет сосе воведна нумера наречена „Пролет за Хитлер“, тој ја претставува како речиси научно пресметана за пропаст, да предизвика неизбежно отфрлање од њујоршката еврејска публика. (Конечниот успех на претставата е перверзна, непредвидена, комична случајност – неочекувано признание на нејзината камп-естетика).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)