необично (прил.) - лесно (прил.)

Влезе необично лесно за своите килограми и исто така необично нежно ја затвори вратата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што му растеше стажот на таксистот, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи и за самото животно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И играа. Ќе се скрше, се фрцка, музиката треште. Џумбус!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еве ти сто – му ја подава Хорацио банкнотата на шашардисаниот таксист, необично лесно за човек од 111 килограми се извлекува од возилото и исчезнува во градскиот метеж.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)