необично (прил.) - брзо (прил.)

Потоа, претрча преку улицата со стини гумени скокови сплескано старче; по него, како потера, пловеа еден до друг три црни чадори од кои необично брзо и несопирливо се лееше сребро.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се извини за менувањето на планот и необично брзо испи неколку вињаци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гога работеше во поштата и инаку беше вонреден студент по право, еден од оние млади луѓе што, запазувајќи си го својот јазик и однесување сепак можат да воспостават необично брзо и лесно контакт со луѓето од старото поколение, и тоа по еден шеговит начин, од кој не можеш да се лутиш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)