ненаметлив (прил.) - пријателство (имн.)

Нивното искрено и ненаметливо пријателство, покрај верните семејства, беше еден од последните облици на среќа што им преостануваше во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со Орхан Памук ме поврза тивко и ненаметливо пријателство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)