Возрасните не го сакаа. Се плашеа од него, па кога ненадејно ќе се појавеше на плажата, одеднаш ќе се создадеше необична забрзаност: почнуваше панично викање, мајките ги довикуваа своите деца и ги засолнуваа подалеку од брегот, во безбедност.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Подоцна некој ги искрши и тие седишта, па остана само седиштето на најмалата клацкалка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Некогаш ако ни беше многу здодевно, ќе се качевме на највисоката и ќе си правевме „плескавици“ - тој што беше на земја ќе подрипнеше, а тој што ќе беше искачен горе исто така ненадејно ќе потскокнеше и ќе си го плеснеше газот од седиштето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И тогаш ненадејно, без ниту еден изговорен збор, без забавување на чекорот, без помрднување на ниту една црта на неговото лице - маската ненадејно ќе падне и трас!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)