Татко во еден период се допишуваше со својата братучеда Лејла, но никогаш не ја виде, само се случи по многу, многу години нивните деца (Етем Устер и авторот на книгава) да се сретнат ненадејно во Париз и да го живеат сродството, да чувствуваат нешто силно заедничко, коешто можеби само судбината на егзилот може да го донесе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко остана чувствителен и на судбината на Сефардите кои беа спасувани во Албанија, при крајот на монархијата и периодот на италијанската окупација, кога земјата имаше автономија на одлучување, издавајќи им визи за престој на еврејските граѓани кои бараа спас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)