Сигурно веќе неколкупати се договарале кога е најзгодно да дојдат, мајката можеби излегла денеска пол саат порано од работа, но сепак се подзабавиле и за малку да им пропаднат парите што ги дадоа за тролејбуска карта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Петре се стаписа. Неколкупати се премести од нога на нога. Болниот колк почна да го штреца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И, да не должам многу, добри мои, уште неколкупати се повторило тоа: „Ама ако не беше мојата наметка, ќе накиснеше до кожа...“ и „Многу ти благодарам...“ па на човекот што си немал своја наметка најпосле му прекиснало, му прелило што се вели, па се симнал од коњот и сосе алишта се фрлил во реката.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Јас минав низ капијата, и додека се оддалечував по улицата, неколкупати се свртев. Клара стоеше таму, зад решетките. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Времето минуваше, а некое студенило се населуваше помеѓу Рајнер и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)