Кога во Листра излекував многумина и го учев многубројниот народ да го возљубува името Негово, неколкумина пристигнаа од Антиохија и од Иконија и подбуцнувајќи го народот против мене, успеаја да ги натераат, наместо со восхит, на мене да гледаат со презир, наместо да ме љубат, силно да ме намразат во срцата свои, та така, заслепени од омразата и од бесот свои, ги заборавија храната и даровите што ми ги носеа и почнаа да фрлаат камења врз мене, за таков, скоро мртов, да ме исфрлат од градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)