неколку (прил.) - селанец (имн.)

Во колата седеа неколку селани што се враќаа од град.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но наместо одговор, напаѓа град камења на сите сејмени што беа на портата, па и на самиот буљукбашија. – Внатре, браќа, внатре да го најдеме нашиот душман и да си го земеме нашето – повикаа во еден глас поп Јаков и Димитрија и се џитнаа први кон портата која семејните брзо ја затворија и почнаа со мазгалките на калето да пукаат во купот селани. – Оф, ме изеде кучето краставо – писнаа неколку селани и паднаа на калдрмата поред портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По патот неколку селани влечеа еден врзан младич држејќи го под мишки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму неколку селани пиеја и расправаа. Зад преградата уште беше бучно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)