неколку (прил.) - ноќ (имн.)

Траеше неколку ноќи. Го држеше оној голем човек, а тој ги држеше нив, неколку долги ноќи, полни месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш зина да им рече дека би можеле да останат и тие двајца со него, уште некој ден и неколку ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неколку ноќи пред предвиденото заминување силно размислував во соништата за патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неколку ноќи ги демнела стадата и бегала пред пци, извици и блескави гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Претчувствувала - тој гладувал по месо, а овците на аргачите ги чувале огнови и пци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)