неколку (прил.) - грло (имн.)

Марко промртка малку и се прими ама и тој одржа слично слово како Митрета и им се закани на сите непослушковци и шпиони дека сам лично ќе им го трга куршумот овде, на сретсело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ааа! овој ли е Толепаша од Мариово што не го дупи куршум, а? — Се испушти од неколку грла наеднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка. — Леле, мајче ти мила!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Марка Попов, Марка ќе ти го дадеме за ќатип — се разнесе од неколку грла.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)