некогаш (прил.) - повторно (прил.)

Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зар ќе умеевме без таквите белези да ја следиме патеката што може некогаш повторно да нè доведе пред прагот на она што обично го нарекуваме роден дом, или наша судбина, бидејќи без тие белези и без таа патека просторт низ кој се движиме се престорува гол амбис!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поетот гласно се сети на Гете: „Сè се покрена како светот да сака наназад, да се раствори во Хаос и Ноќ, па повторно да се вообличи, и ако некогаш повторно се најдеме, над урнатините на Светот, ќе бидеме обновени, слободни и независни од судбината„.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Да преспиеме само една ноќ заедно во нашата соба.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Толку многу сакам некогаш повторно да дојдеш во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)