некогаш (прил.) - среќен (прид.)

Но, не можев да ги симнам, потсвесно сакав да се измачувам, да гледам во тие неподвижни опскурни референци на некогаш среќни лица и да повторувам колку длабоко ги презирам тие очи и тие усни кои љубовта ја претворија во болка, или уште полошо во рамнодушност, како никогаш и да не било.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Душата ми беше лесно раздразлива, слаба, кршлива, чувствував нарушена рамнотежа помеѓу свесното и несвесното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека Исток се будеше во жестокиот антисоветски и антикомунистички револт, на чие чело застануваа Вацлав Хавел, Лех Валенса во самоуправна, неврзана, демократска Југославија, преовладуваше дефетизмот и конформизмот на некогаш среќни владетели -утописти, кои не можеа да веруваат дека нивниот сон завршува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)