Можеби и вие, гледајќи го снегот како свечено ги кити гранките на дрвјата, сте ја шепотеле некогаш таа песничка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Една девојка, додека се обидува да заспие, го слуша ветерот, и ѝ се чини дека тој, а не нешто длабоко во неа, цвили, и помислува – “Колку тажно, колку болно цвили ветерот”, го слуша ветерот и останува глува за својот внатрешен цвилеж, не погледнува што е тоа што цвили во неа, затоа што некогаш таа вслушаност во сопственото цвилење болела како нешто да откорнуваат од неа, и затоа сега го слуша ветерот, слуша како ветерот цвили од болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лудилото понекогаш е бекство од болката во затапеност, а понекогаш бекство од болката во уште поголема болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)