некогаш (прил.) - бил (гл.)

Дека семејството некогаш било имотно и дека по Војната се случило она што го споменуваше брат ми, се разбира, и јас имав слушнато, но никогаш не сум се соочил со потребата подлабоко да ги разјаснувам тие нешта, како што се соочив сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некогаш биле под ружи поголеми површини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Реков, Уј е мало место, едвај со петнаесет илјади жители. Некогаш било многу познато по производство на хартија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монпарнас“ некогаш бил поле, рамнина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој некогаш бил брз, но сега имаше 44 години и беше премногу спор за да може да изведе ваков стант.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И таа не ги чека повеќе, не се надева. Ѝ се чини далечно, нестварно она што некогаш било.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се чинеше дека ако некогаш бил близу, тогаш сега е најблизу до оној последен збор што го бараше за да си го објасни светот, но и тој миг се изгуби пред да се појави, така што ни трагата не можеше да му се задржи во погледот. 10.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од местото каде што некогаш биле воденичните камења, а сега шанкот во облик на обрач од бочва - не се појави воденичар во паспал туку патор од гостилничар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Размислуваше, пребаруваше во минатото, дали некогаш бил во поголемо искушение.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ти си само минувач по небесниот друм обожувач и служител на каприцот на правта (Бидејќи и правта некогаш била човек).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На блискиот крај на ова патување, а крајот за мене постојано се оддалечуваше, сè повеќе трагав по одговор на прашањето: кој беше всушност Х.Х., дали некогаш бил човек?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само Бог ги прифаќа оние што паѓаат, оти некогаш биле исправени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во САД, сексуалните, емотивните и романтичните врски меѓу мажите, кои некогаш биле конвенционални, почнале да се разводнуваат долго пред крајот на деветнаесеттиот век, а средносталешките мажи почнале да го избегнуваат телесниот допир со други мажи од страв да не бидат сметани за девијантни.55
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку што повеќе се развиваме вкоренети во свесноста за сега, толку понеобично изгледа фактот дека работите воопшто некогаш биле поинакви.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И тогаш некои од мажите кои некогаш биле во пампур, рекоа дека пампурот тргна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така зборуваше брат ми Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој не може да ја следи нишката назад кон она што некогаш бил, ниту пак она што некогаш бил може да дојде до она што тој сега е; тоа затреперување на нишката само растреперува некои негови чувства, како нејасно сеќавање, и тој почнува да плаче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во еден миг, додека двајцата бавно чекорат по паркот, синот здогледува како градинарот отсекува неколку ружи, и целиот затреперува, неговото дотогаш тапо лице добива чувствителност, како она што го виде да повлече некоја нишка во него, некоја нишка која води кон сѐ она што за него некогаш било, а веќе го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Плаче како мало дете. Неговата мајка вади марамче, ги брише неговите солзи, а потоа и мрсулите кои потекуваат по неговите масивни мустаќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
”Ова е истиот оној свет што некогаш бил и исчезнал...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па се опулив по странците, гостите од кај младоженецот, што некогаш биле „наши“, а отишле бегајќи од војната и таму, како раселени, биле подложени на претопување, геноцид, што и да е... и сега бедно изгледаа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако се уверил дека луѓето и воловите не може да бидат видени од ниедна точка на патот, Онисифор Проказник нашол засолниште од кое сета околина му била пред очи како отворена дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мислиш дека моиве се подобри? - Понекогаш размислувам дали нашиве стари некогаш биле млади.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти личиш на старецот, кој некогаш бил најубав ерген во селото и ги привлекувал погледите на убавите моми.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Обично судбината на малите земји во светот, преку нивните основачи, е да се сеќаваат дека некогаш биле големи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие не можеа да се сложат со тврдењата дека османската култура некогаш била, а потоа ја снемало од Балканот, бидејќи нејзините битни белези не предизвикуваат исклучивост, туку сродност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа тоа млади јасени, што некогаш биле исечени, па повторно потерале цела шума од фиданки, меѓу кои немаше ниту една подебела од глуждот над раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакам да кажам, не верувам дека воопшто некогаш бил употребуван за нешто. Токму тоа и ми се допаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто сето тоа би изгледало неподносливо, ако не постои некој вид наследено сеќавање дека работите некогаш биле поинакви ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сигурно некогаш бил замок, па го претвориле во хотел.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се разбира, го фотографирала и местото што некогаш било населено со нивниот живот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Загубата на „наивната“ слика, нејзината застареност во однос на ироничниот, интелектуализиран став веројатно го означува конечниот прекин на веќе доволно поместената хармонија природа - дело, но не само што е премногу ризично, туку за поетот е и уметнички неуспешно тргањето по изгубената наивност „онаква каква што некогаш биле“.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како што посочува Келнер, „сомнително е дали демократските процеси некогаш биле поттикнувани од нормите на рационалноста или јавното мислење формирано преку рационална дебата и консензус до степенот стилизиран во Хабермасовиот концепт на буржоаската јавна сфера“. 104 Понатаму, неговиот модел е високо универзализиран, заснован врз западните буржоаски општества.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Глобалниот град се појавува како нова граница, гранична зона (како простор создаден од дисконтинуитетите, во кој дисконтинуитетите добиваат терен наместо да останат линија на разграничување) што резултира во создавање на нова топографија на централност и маргиналност, „којашто ги надминува националните граници и старата поделба на Север-Југ“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој пак, некогаш бил генерал, ама се оженил за Германка и му го симнале чинот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој ќе поверува дека Ескимите некогаш биле бели, бели, како сирење, исто како белите северни мечки!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Иво Андриќ: „... Некој некогаш бил оган.“
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Си мислам: и каменот некогаш бил жив, и водата и глината биле живи, шетале и зборувале.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Само оние кои некогаш биле деца можат да појаснат зошто денес јас не го чувствувам дождот: таа светлина во мене не доаѓа од сонцето туку: од неговиот брат - добата која одминува. * -- * Вилијам Карлос Вилијамс:„Жолтиот оџак“.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Претаме во пепелта: некој некогаш бил оган...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мите не забележително му се приближи од зад грб и го тресна со стапот, убаво ишаран во риги, што му го имаше направено дедо му кога некогаш биле на прошетка крај Треска.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Уметникот се менува од боголик во ѓаволик, но претставениот предмет е издигнат од нивото на обична мануфактурна мамка, понудена од трговците, во дослух со ѓаволот, куриозитет изложен на истите yидови кои некогаш биле резервирани за икони на едно така возвишено честољубие какво што е портретот на вотелотворениот Бог. Why Not Sneeze Rose Selavy, 1921 г., е кафез со мермерни коцки, сипина коска и термометар.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Знаеме дека за некои аспекти на тие експерименти одлучуваше случајот и дека од нив произлезе едно мошне кршливо дело, како и дека често се случувало времето нешто да уништи, така што денес ни е останато посматрањето само на трагите од она што некогаш биле Тајната вечера или Битката кај Анхиариј, токму како што не гледаме ништо освен траги и копии на она што беше Големото стакло или Невестата што ја разголија..., или малото стакло Набљудување одблиску со едно око во текот на речиси цел час.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)