некако (прил.) - сомнително (прил.)

Сигурно Суљо ги води разбојниците или ги носи нивните глави – па некако сомнително додаде: – Колку толку бргу сврши работа? – а кон гавазот: – Пушти го нека влезе – изусти и почна да си ја прибира косата под чалма и се поисправи на столот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што е водена со ќумци, и тоа оддалеку е водена, та ако го разберат ова агите – отидоа децата – почна да се жали бабата и да го гледа некако сомнително калуѓерот, на чие лице јасно се покажа задоволство, а на устите скриена насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Она „саурус” на крајот, ми е некако сомнително, ама тоа сега не е ниту важно, нема враќање...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)