некако (прил.) - брзо (прил.)

Вардар отпрвин спласна и позелене, потоа, некако брзо и преку ноќ, надојде, се замати, се запени, го прелеа своето корито.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Господи, госпоѓа Родна, тоа е сложено прашање“, забележува мирно, но некако брзо и подготвено татко ти, како да очекувал токму за овој проблем да се расправа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа беше молчелива, нерасположена и дезориентирана. Околу очите имаше големи подочници, нејзиниот лик на ангел некако брзо се измени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тавчето некако брзо се празни и ме тера уште понестрпливо да брзам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)