На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Можеби и поради тоа тој некако му беше слабост на дедо кој што имаше поинаков однос со него и не ја криеше неговата наклоност кон Тома.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
По некое време дојдоа и Џеки и Кенди со некои двајца типови што не ги познавав.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тејлор подоцна ми кажа дека скокнал на него само заради тоа што јас сум изгледал премногу глупаво со онаа шапка, па некако му било жал...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Отидовме да го гледаме Glamour, Glitter and Gold во Бастиано студиото во Вилиџ, а после тоа отидовме во Салвејшн на Шеридан Сквер. 128 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Всушност, тоа некако му дојде како одговор на последната негова порака, од пред две недели.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Од лутина на Шишмана некако му се разлеа лицето, усните му се оторбешија, погледот му висна настрана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дали заради поинаквиот систем во кој сега живееше или заради годините што носат мудрост, а одземаат илузии, овде, во шумава, размислувањата некако му одеа во поинаква насока.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
За волја на вистината, Александар малку паметеше од комунизмот, но по она што го имаше слушнато од постарите колеги од секретаријатот, сè некако му изгледаше исто.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Нелагодност некако му ја стега главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А и забите некако му беа побели кога се смееше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прво што ми рече кога ме виде беше: - Кај си бе, Гонцо, ама си поцрнела и си пораснала! – Ова ми го кажа на македонски и јас сосема се смирив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Побогатите некако му плаќаа на Лумана, но сиромасите, а такви во селото беа повеќето, немаа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)