Му ја донесе борината на првиот свој муштерија и им ја однесе маста и сирењето на другите дома со една пламена желба: да помине крај конакот на кадијата, белким ќе ја наѕирне од некаде неговата Анѓа која таму робува.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)