Тој е некаде помеѓу хартиите кои не се уредени и кои се на различни места.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Комората за замрзнување е полна со книги.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Формуларот за регистрација на возилото не е пронајден.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таму како да бешево некоја трета земја, некаде помеѓу земјата и небото, откако си ја напушти родната грутка и не најде спокој во новата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Авиони, возови, бродови и автобуси почнаа да ме прават меланхоличен –да си стално на пат значи да бидеш понизен, да имаш на ум дека само „транзитираш“, лебдиш некаде помеѓу, на место кое не е ни таму, ни ваму, ни тука.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Во тврдината почиваше меморијата на сите времиња: уште од праисторијата, некаде на преминот меѓу IV и III милениум, потоа скопското Кале, ќе го доживее периодот на етнолитската цивилизација, на околу 3000 години пред новата ера, потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнуваат ова место, за да го населат повторно некаде помеѓу VII и VI век пред новата ера, од IV до V век овде животот континуирано се одвивал, кога населбата на Калето била напуштена, потоа остануваат неколку векови без обележја на историска меморија, постои само еден нем сведок за присуството на големиот император на Источното Римско Царство Јустинијан Прима, тврдината Кале и античкиот град Скупи биле погодени од катастрофалниот земјотрес во 518 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Американец од Северна Каролина, некаде помеѓу Вашингтон Д.С. и Вирџинија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Оттаму, некаде помеѓу благото исмејување и циничната луцидност, овој ладен ерос, заеднички за симболистичката поезија и Duchamp, за кој велиме дека е еросот на маниризмот, и кој е и Leonardo-виот ерос.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Затоа човекот во животот некаде помеѓу она што стварноста му го дозволува да го види па спрема тоа и изрази и она што тој навистина може да го види и да го изрази.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Некаде помеѓу две неосновани паники ми ита часовникот – прерано се поклопуваат стрелките на срцето.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Интелектуалниот Арапски свет во неговиот врв - на пример, некаде помеѓу почетокот на 11-от и средината на 13-от век; тоа би било апсолутно прекрасно искуство. ñЗошто тогаш и таму?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Највидните примери на машкото геј-културно производство пред ерата на геј-ослободувањето лежат некаде помеѓу.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мислам, на пример, на драмските и недрамските дела од Оскар Вајлд, на Во потрага по изгубеното време од Марсел Пруст, на романите и есеите од Вирџинија Вулф, на поезијата од В. Х. Оден и на песните од Ноел Кауард.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
6. Некаде помеѓу годишните одмори и театарската сезона, додека во бифето не почнаа да се прибараат неговите постојани посетители, Горда го искористи тој мртов период и едноставно ја снема од градот; но, впрочем, тоа беше за ден - два.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некаде помеѓу Албанија, Турција, Грција и Србија, народите со векови не знале на кој господар ќе му се покорат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Не, јас би живеел! Не... јас знаете ли... јас би живеел!“, се зачу одненадеж нечиј нов глас некаде помеѓу генералот и раздразнетата госпоѓа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Какви сепак, нешта! Продолжив да слушам макар и со прекумерно негодување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)