И така, возот брзаше кон Минхен. Ја минавме границата, па Австрија и откако нѐ осамна некаде кон Салцбург, моите сопатници ги опфати нервоза. Веднаш разбрав од каде произлегува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И денес го гледам татко ми, онака свиен во темната соба, претворен во силуета пред светнатиот апарат во мракот на одајата и наслонет со увото на шепотливото радио. Еден ден, беше тоа некаде кон почетокот на окупацијата кога дојдоа и ни го запечатија радиото, Рашела почна да ги забележува нашите потсмешливи погледи, по посетите на млекарот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање... Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ама не го удрив баш како што треба. Го погодив некаде кон вратот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како што моторот рикна да брчи, така Иле се препали од страв, оѕверено погледна околу себе, и кога виде како децата веќе имаа спрснато да бегаат по улицата нагоре и надолу, спрсна да бега и тој, при што не потрча ни нагоре ни надолу по улицата каде што се разбегаа другите деца, туку спрсна кон реката и побегна некаде кон пералиштето и водениците и по реката којзнае каде нагоре.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа се случи среде лето, некаде кон крајот на јули, кога вжештеноста на сонцето го достигнуваше својот врв и кога попладнињата станаа неподносливо спарни.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
За разонода, младичот гледаше некаде кон влезот на болницата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дали пеевме добро не сум сосема сигурна, бидејќи некаде кон средината на песната го здогледав татко ми како тивко влегува во салата и седна во првите редови.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
„Онаму е мојот дом. Онаму е моето гнездо,“ повторуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Една девојка, чие име не го знаев, ги размрдуваше рамената и замавнуваше со рацете како со крила, и гледаше некаде кон покривот на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ме буди, некаде кон полноќ татко. Ми вели: Ване, станувај, време е.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Лево некаде кон дното, на оградата врата од ист материјал, која води на улица.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На почетокот беше во тек со нивниот разговор, подоцна умот ѝ одлета некаде кон ѕвездите, таму некаде горе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Немаше правила. Заробените мисли се ослободуваа од оковите, летаа некаде кон бескрајот, итаа да ја соопштат веста за победата на љубовта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Вознемирен се врати кај Глигора. Заспа некаде кон муграта. Но брзо се разбуди.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ако думам арно, некаде кон средината на осумдесеттите во СФРЈ почнаа да доаѓаат првите компјутери. Комодоре 64 и Спектрум. Преку некоја словенечка фирма.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некаде кон априлија слезе господ и снегот почна да попушта, да олабавува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се присети дека, таму некаде кон крајот на осумдесетите, кога веќе беше јасно дека комунизмот ќе пропадне, тој и стотина негови пријатели од факултет се собраа пред собранието, барајќи слобода на говор, демократски избори и подобри услови за живеење во студентските домови.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовоите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата го допре до земја цицките и сета болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и тргна кон длабочината на шумата барајќи непороодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Некаде кон средината на езерото шеташе месечевата светлина како некој одозгора да држи насочен благ рефлектор.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Камионите и моторите брчеа, го минуваа мостот на Дримот и одеа некаде кон Албанија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некаде кон Охрид, во небото се вивна црвена ракета, падна и се угасна. По неа светнаа две сини и на крајот една зелена.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
За разонода младичот гледаше некаде кон влезот на болницата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Госпоѓа Изабел не го чуваше него во стаклено звоно, го облекуваше со куси панталончиња и чорапчиња сѐ до првите големи студови, некаде кон крај на ноември. Place des vosges беше моето омилено место.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се загледа некаде кон високите згради на Капиштец и молчеше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Овчарите мораа да се распоредат така што ако се зададе непознат човек од некаде кон селото или ако штогоде се случи, да можат еден преку друг да јават в село и од село на време да им биде јавено на комитите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тие се малку поголеми од мене и не се дружиме баш многу.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Поминаа Мишко од тринаесетти и Ане од деветти кат, ме поздравија патем и си заминаа некаде кон „Млечен“.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)