некаде (прил.) - има (гл.)

Само наблизу поставените стражари, вооружени со автоматско оружје, навестуваа дека тука некаде има нешто важно и нешто поважно треба да се случи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наместо маси некаде имаше и делови од најобични тоалетни предмети на кои беше ставаена само една покривка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лежејќи во затемнетата соба при матното светло од екранот се потсетив на Надежда Манделштам, којашто некаде има напишано дека за време на сталинистичките чистки - премрени од стравот пред невидливиот руски рулет кој фрчеше над нивните глави - луѓето главно лежеле...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога некаде има толку висок квалитет во целоста на смислата, просто се прашувам што ќе стане од тоа суштество.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Значи, уште по некаде има луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бирото за советување даде оглас во весник барајќи од производителот да им се јави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сретнале на едно поле и производителите 158 okno.mk им кажале дека некаде имале прочитано дека 120 милиграми е вистинската доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако преживееш напиши книга!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе се кладам во милион дека ќе биде поголем бест-селер од Џеки Колинс! (Кон Кени) Кени, Тики сигурно некаде има вазелин!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ло Тек-овите некаде имаа појачало и синтисајзер, а сега ги забележав и обрисите на звучниците поставени над суровите бели рефлектори.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Само далеку некаде имаше една слободна, една голема вода што не можеше да се загради со никаков ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Јас – му велам – тука некаде имав познати и ги барам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Да, ама тука некаде имаше фабрика за цигари – настојувам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Човекот вели дека тука некаде имало фабрика за цигари, ама точно не знае каде се наоѓа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
КАКО КУКУРИГААТ ПЕТЛИЊАТА БЕЗ ПЕРЧИЊА ВО СИЕНА?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Прво што се гледа од највисоката ритка на Сиена е дека Данте ми ти бил ептен голем маанџија кога салтуку се прашувал дали некогаш некаде имало пошуплив народ од сиенскиот?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Таа стрмнина некаде беше обрастена со грмушки, а некаде имаше по некој стар даб.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Знам дека некаде имаше ракија за недајбоже, ама сум сметена. Не знам каде е оставено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попусто беше да објаснувам дека сето тоа е една обична измислица, дека ако некаде има тишина тогаш тоа е сигурно “кај мене”, дека ни теоретски ова не може да биде точно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)