Жолтоцрвени лисје кои паѓаат, ги газиш под нозете, нежно со сомилост, се плашиш веќе нема да ги има. До наредната есен.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
- Ќе издржите вие, знам, ве познавам јас добро, сте влечеле и потежок товар. - нежно со шепот разговараше со својте коњи, мислиш комуницира со нив без никаква мака, а тие пак послушно го следеа неговиот говор, постапувајки според неговите мирни наредби знаејќи дека само така е можно да се успее во намерата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)