недоверлив (прил.) - гледа (гл.)

Додека господарот зборува, другите тројца лошотии молчат и недоверливо гледаат во под­готвениот материјал на Сенка: некакви слајдови, скици, мапи, големи плакати на кои се нацртани нивните непријатели, книгата „Анатомија на Мозокот”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Господинот Сенка со зашилено стапче ја пока­жува не многу прецизната, но затоа огромна фото­графија на Призрак, веројатно настаната по мистериозен пат, бидејќи, тоа сите го знаат, Призрак е отпорен на фотографирање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)